Агенција за обезбедување "СОКОЛ-ОБЕЗБЕДУВАЊЕ"

Заштита на Вашиот имот и сигурност

Од самиот почеток, Агенцијата за обезбедување на имот и лица „Сокол Обезбедување„ се фокусирa на целосно задоволување на потребите на своите клиенти, развивање на односи на взаемна доверба, разбирање на потребите и обезбедување на експертски решенија од највисоко ниво.

Континуираниот раст на квалитетот со одржување на високо квалификуван и обучен кадар е приоритет за нас. Нашите безбедносни службеници се сертифицирани, лиценцирани и осигурени.

Ние веруваме во заштитата од непредвидливоста. Во денешниот свет, луѓето, компаниите и средствата може да бидат мета на безбедносни закани, што може да доведе до катастрофа за секој бизнис. Нашата единствена мисија е да ви ја дадеме потребната заштита на начин кој ќе обезбеди зголемена сигурност.

Без разлика дали ви е потребна сигурност за вашите деловни простории, патрол што ќе го чува вашиот имот или специјализирани службеници кои ќе го обезбедат вашиот имот  нашите „соколи“ се тука за вас

Агенција за обезбедување "СОКОЛ-ОБЕЗБЕДУВАЊЕ"

Доверба, заштита и безбедност

Сокол обезбедување се грижи за Вашата безбедност веќе 18 години.

Без оглед на вашата потреба, ние можеме да ви гарантираме безбедносни услуги со дискреција и професионалност, поддржани од докажани резултати.

Ние постоиме за вас и се стремиме да ја подобриме благосостојбата преку одржување безбедна средина во која ќе живееме.

За безбедноста секогаш се грижи професионалниот тим искусни  безбедносни службеници кои ги исполнуваат сите барања од областа на физичката заштита.

КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ

Нашите услуги

Сигурност и доверба

Често поставувани прашања

Дали вршите обезбедување на приватен стан? Која е вашата понуда?
Да, вршиме обезбедување на приватен стан, според вашите барања и потреби, се изготвува понуда и проценка за обезбедување, без оглед на тоа дали се работи за стан или куќа.
Видео-надзор и алармен систем се поставува по извршена проценка, ги земаме во предвид Вашите барања и се поставува опрема која Ви овозможува во секое време да имате увид за случувањата на Вашиот објект
Сокол Обезбедување ќе се погрижи за безбедноста на јавни настани и манифестации со поставување на физичко обезбедување. Нашите професионалци се спремни за интервенција.
Патролно обезбедување се врши според добро разработен план на Сокол обезбедување.Моторизирана патрола е достапна во секое време за превентивна проверка и интервеција доколку за тоа има потреба.
Тимот на Сокол обезбедување е спремен да спречи штета од поголем размер во најкраток рок.Нашиот тим ќе пристигне на местото на настанот за 3-5 минути по дојавата.
Да. Според извршена проценка и увид на објектот и околината се договараат наредните чекори за заштита на објектот.